24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Патник се пожалил на летот, па стјуардесата ги презела работите во свои раце: Нејзината постапка насмеа многумина

Патникот побарал да биде преместен на друго место, до прозорецот, но немало слободни места за преместување.

Патувањето со авион предизвикува одредена страшна непријатност, често не поради стравот од таквиот начин на патување, туку поради други помалку или повеќе несовесни патници.

Кабинскиот екипаж се соочува со различни ситуации и затоа е обучен за различни сценарија. Но, понекогаш се случува нешто за што никој не може да ги подготви, а нивната реакција и способност да се справат е навистина пресудна.

Една таква ситуација се случи на лет за Јапонија. Имено, еден од патниците не престанал да се жали на седиштето на кое седел, бидејќи резервирал место до прозорецот, а добил „поглед“ кон ѕидот на кабината.

Патникот побарал да биде преместен на друго место, до прозорецот, но немало слободни места за преместување. Но, тој не престана да се жали.

По некое време, стјуардесата дошла до урнебесна идеја. Земала парче хартија, на неа нацртала рамка од прозорец и облаци и ја залепила хартијата на ѕидот од кабината до совозачкото седиште.

Целата приказна заврши на Твитер. Еден од патниците објави фотографија и објасни зошто нацртаното парче хартија е залепено на ѕидот од кабината до патникот, а набрзо неговата објава стана вирален хит на таа социјална мрежа. Многумина коментираа дека стјуардесата одлично си ја завршила работата. Текстот првично е објавен во 2018 година.