Centar.mk
БИЗНИСвест

Јовановиќ: Мерката „гарантирана цена“ ја спушти инфлацијата под четири отсто

Уште еден месец „замрзнатите цени“ остануваат основен браник на граѓаните од инфлацијата. По предлог од Министерството за економија, Владата одлучи да ја продолжи мерката „гарантирана цена на прехранбените производи“ до 29 февруари. Лебот, брашното, оризот, бисквитите, наполитанките, тестенините, месото и производите од месо, млекото, јајцата, сирењето, кашкавалот и другите млечни производи ќе имаат ограничени цени и овој месец. Професорот Бранимир Јовановиќ смета дека ова е добра одлука и дека ограничувањата треба да бидат на сила се додека инфлацијата не падне под три отсто, пишува Слободен печат.

– Забавувањето на инфлацијата во последниве месеци речиси целосно се должи на овие ограничувања. Во август, пред да се ограничат цените, инфлацијата беше 8,6 отсто. Откако се донесе мерката, инфлацијата за само неколку месеци падна под четири отсто. Не знам кои се мотивите на владата, може и да се чисто популистички, можеби само сакаат да го смират незадоволството пред избори, ама дури и да е така, тоа не значи дека мерката е лоша. Грешката на Владата е што доцна го донесе ова ограничување, зашто требаше порано. Но никако не може да се каже дека е грешка самото ограничување, бидејќи очигледно, има ефекти – смета Јовановиќ.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: Граѓаните и фирмите должат за данок над 12 милијарди денари

ДЕСК

РКЕ пред одлука – Нови цени на горивата

ДЕСК

Становите во оваа блиска државата поскапеле за 275%: Домувањето низ ЕУ станува луксуз поскапеа и кириите

ДЕСК