24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Чупеска: Дволичноста на тогашните власти во спорот со Грција доведе до полош договор, а сега истиот „субјект“ повторно лицемерно „врти во круг“

„Условот кој ни висеше над глава за прием во НАТО (решавањето на спорот со Грција) не смееме да го заборавиме. За потсетување, предлогот кој го имавме на маса беше промена на името за надворешна но не и за внатрешна употреба…Верувам се сеќавате на тоа. Но, дволичноста на тогашните власти (и сегашните нивни инстилациски мрежи) кон нашите партнери и кон сопствените граѓани, резултираше со уште поголемо влошување на македонската преговарачка позиција и на нашата меѓународна комуникација; по што неминовно не дотера во состојба на мазохистички изолационизам од што произлезе и груевизмот“ вели професорката Ана Чупеска во нејзината колумна „Кружен тек“.

Таа додава дека по авторитарната десетгодишна епизода успеавме, со една зрела и разумна политика, да дојдеме до некој компромис кој во иста мерка ги задоволува, но, и ги прави не многу среќни и двете страни, ако се земат предвид максималите кои беа на маса.

„Сега повторно истото лицемерие, од истиот субјект. Повторно истите лицемери, ‘бранители’ верглаат дека некој сака да ни го ‘земе’ идентитетот, јазикот, а без притоа да дадат ниту еден единствен аргумент за такво тврдење. Уште помалку па решение за проблемите. Напротив, сите аргументи се во спротивна насока. Решенијата, исто така, ги нема. Истото тоа лицемерие не ја признава Владата, а учествува во неа. Истото омнипотентно македонско лицемерите, слушнавме од бомбите – успешно ги амнестираше хашките случаи и тоа од мнозинска позиција кога владееше“ пишува Чупеска.

Професорката пишува дека тоа лицемерие никогаш не покажало храброст за непопуларни политички одлуки од кои зависи опстанокот на земјава, но, затоа има „пуна прса“ со мрсни намирници: „идентитет, јазик, снопчиња гранчиња од Мусолини и се што нема ама баш никаква врска со демохристијанство, уште помалку со вредности на идеолошки конзистентниот конзервативизам“.