24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бислимовски: Цената на електрична енергија во првите два блока се намали

Цената на електичната енергија во првите два блока од први јануари се намали, а од први декември домаќинствата имаат и евтина дневна тарифа, порача во интервју за информативната програма на Слободен печат, Марко Бислимовски, претседател на Комисијата за енергетика.

Цената на електрична енергија се намали. Во првиот блок за 5.16% во вториот блок и на евтината тарифа остана иста, цената во третиот се зголеми за 2.88%, четвртиот за 1.86%, а од први декември имаме и евтина дневна тарифа.

Бислимовски објасни и зошто одредени домаќинства месецов добиле повисоки сметки за електрична енергија и повика, граѓаните да поднесат приговори, по што сметките би им биле корегирани.

„Бидејќи не може операторот на дистрибутивниот систем сите броила одеднаш на 31ви да ги оттчита, направена е проценка. Кај поприличен број на домаќинства, таа проценка е погрешна, односно не е толкава потрошувачката и поради тоа има зголемени трошоци за електрична енергија, не поради цената, туку поради количината. Има жалби кај нас и 90% од тие жалби ние ги прифаќаме и го тераме операторот на дистрибутивниот систем, да најде начин да ја стави реалната состојба, бидејќи се гледа дека е ставена некоја состојба на броилото која и по пет до десет дена по издавање на фактурата, домаќинството се уште не ја достигнало. Така што граѓаните кои се незадоволни можат да поднесат барање до РКЕ, но мора преку ЕВН, затоа што тоа е управна постапка и доколку ги исполнуваат тие услови, ќе биде намалена нивната сметка. Ние воведовме можност за самотчитување и со таа состојба што ќе ја прочита граѓанинот, таа е обврзувачка за операторот на диструбутивниот систем“ посочи Бислимовски.