Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

158 санкции за пребрзо возење на територија на СВР Тетово

Вчера (4 февруари) од 13 до 19 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата, а во која биле изречени вкупно 158 мерки (ТЕ-120 и ГВ-38). При контролата биле откриени и санкционирани 119 возила, односно возачи (ТЕ-81 и ГВ-38) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Од нив, 6 возачи (ТЕ-2 и ГВ-4) пречекориле за повеќе од 70 километри на час, 31 (ТЕ-18 и ГВ-13) за повеќе од 50 километри на час и така натаму. Покрај ова, санкционирани се и 39 (ТЕ) пречекорувања на пропишаната брзина во населено место, како и 10 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-3).

На сите прекршители изготвени им се поднесоци со парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност. На оние кои пречекориле за над 50 и 70 километри на час, во или надвор од населено место, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК