Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Сулејманов: Оваа година имаме значајни парламентарни избори кои треба да донесат промени во ромската политичка сцена

„Моето семејство потекнува од струмичкото село Баница коешто во Втората светска војна било принудено да се пресели во градот Струмица. Уште од мали нозе јас се борев за зачувување на ромскиот идентитет и напредокот на нашата заедница во сите сфери. Токму тоа ме мотивираше во 2019 година да се вклучам во тоа движење“ изјави Кемал Сулејманов, национален лидер на граѓанското политичко движење движење Аваја на настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“.

Тој додаде дека југоисточниот дел беше заборавен од ромските политички партии се додека не се појави Аваја коешто повикуваше на заеднички интерес и доброто за заедницата.

„Оваа година имаме значајни парламентарни избори кои треба да донесат промени во ромската политичка сцена, избори во кои треба да започнеме нова ера во ромската политика. Иновативна, стратешка и бескомпромисна, новата политика во Република Северна Македонија треба да се базира на заедништво, еднаквост. Заедништво во кое приоритет ќе се дава на единството, поттикнување на стратешки соработки, посветеност на нашиот колективен интерес, наместо притисоци, манипулации и политички поделби, затоа што доброто на Ромите е доброто на Северна Македонија“, заклучи Сулејманов.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.