Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Двајца браќа му се заканувале на градоначалникот на Арачиново – поведена постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале на службеното лице -градоначалник на општина Арачиново, предизвикувајќи кај него несигурност, вознемиреност и страв. Откако ги пријавил, тие преку вибер пораки продолжиле да упатуваат сериозни закани дека ќе нападнат по неговиот живот и тело, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, обврска да се јавуваат кај надлежен орган, забрана за влез во седиштето на општина Арачиново, како и забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетениот градоначалник.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК