11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+КУЛТУРА

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ на „ПНВ Публикации“ продолжува во Охрид

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „Скопскиот поетски фестивал“ и „Култура Бета“, в сабота во Охрид ќе го реализира шестото издание на проектот „Добри гости“, преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Настанот ќе се одржи на 3 февруари, во кафе и бар „Шила“ во Охрид, со почеток од 18 часот, како преднастан и во рамки на традиционалната културна манифестација „Прличеви беседи 2024“, со поддршка на Општина Охрид.

На шестото издание на „Добри гости“ во Охрид ќе учествуват: Андреј Ал-Асади, Павлина Атанасова, Николина Андова Шопова, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, Иван Антоновски, Димитар Пандев, Славе Ѓорѓо Димоски, Зоран Јакимоски, Марија Ангеловска, Марина Шикова Димовска, Д. А. Лори, Стефан Костоски, Иван Шопов, Јордан Коцевски, Марина Шокева, Мирко Томовски, Митко Колјушевски, Митре Мангоски Радождански, Смиле Наумоски Брсјак, Маја Мојсова, Тони Попов, Христина Цветаноска, Јован Цветкоски, Матеа Стоев и Наталија Танеска.

Серијата „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, со издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.

Проектот досега се одржа во Штип, во Тетово, во Струмица, во Демир Хисар и во Куманово, а планирани се гостувања во уште градови низ земјата, по што иницијативата ќе заврши кон крајот на 2024 година со маратонско книжевно читање во Скопје, на кое, доколку се во можност, би учествувале сите вклучени автори.

Спонзорирано: