Centar.mk
ЛОКАЛНО

Неколку скопски општини денеска без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.

Во периодот од 10.30 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од дел од улицата 4 бр. 235 во Бардовци, општина Карпош.

Во периодот од 9 до 13 часот корисниците од село Миладиновци, улица 8, улица 10 и улица 1 во општина Илинден, ќе бидат без електрична енергија.

Без струја, во периодот од 7.30 до 15 часот, ќе бидат корисниците од Инџиково: улиците 2, 4, 6, 8, 10, 11 и улицата Добре Ивановски во општина Гази Баба.

Во периодот од 8 до 12 часот корисниците од улицата 4, село Студеничани, улицата 1, село Студеничани, улицата наспроти „Каршиака“ во општина Студеничани, ќе немаат струја, а во периодот од 9 до 13 часот корисниците од дел од село Долно Количани во општина Студеничани исто така ќе бидат без електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +