„Меѓународниот дел кога е реализиран целиот тој синџир на овие што треба да бидат уапсени , би рекол дека тоа е под меѓународен надзор. Паѓаа луѓе во Шпанија, паѓаа луѓе во Белгија за слични пратки поврзани во синџирот. Она што се однесува на македонскиот дел ме плаши. Ние уште расправаме за Марјан Доказ“ изјави аналитичарот Сашо Орданоски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.
Тој додаде дека Оливер Спасовски во неколку јавни настапи по повод аферата со апсења им одал признание на екипата во МВР.
„Направена е промена во јавното обвинителство со доаѓање на новиот јавен обвинител. Кај нас обично истекуваат информациите особено кога се трга на терен. Во минатото ќе отидеа и ќе направеа акција во предели околу Скопје каде се знаеше дека има украдени луксузни автомобили, а за време на акција наидуваат на празни гаражи, автомобилите ги нема“, посочи Ордановски.
Тој додаде дека читал резултати од анкети и дошол до сознание дека во јавноста се создава впечаток дека состобата е поинаква за разлика од анкетите.
„ Две третини е поддршката за НАТО, што е прилично висока поддршка. Голема е поддршката за членство во ЕУ, 70 отсто. Овој дел од јавноста стои тивок бидејќи од друга страна се оние кои велат „само штета има, предавници на името итн…“. Се гледа дека кај две третини од населението ги гледав етничките состави, нема големи диспропорции во перцепциите околу тоа, е развиена свесноста дека членството во Европската Унија е единствен лек за проблемите коишто ги имаме“, заклучи Ордановски.