Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓе Давид и официјално ја напушти Македонија

Српската музичка ѕвезда Ѓорѓе Давид и официјално ја напушти Македонија по добивањето одобрение од судските институции. По напуштањето на земјата, Давид закажа конференција за печат за српските медиуми во текот на утрешниот ден.

„Ѓорѓе замина за Србија. Ги помина сите процедурални барања од нашите надлежни институции и во текот на вчерашниот ден доби дозвола да ја напушти Македонија. Тој, како и досега, им е достапен на нашите органи и ќе се јавува во судот во Куманово еднаш месечно. За сè што има да каже во однос на ситуацијата, да го почекаме утрешниот ден и нашите медиуми ќе ги добијат сите релевантни и официјални информации од Ѓорѓе“, вели Вера Мештеровиќ, менаџер на Ѓорѓе Давид за Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК