Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Следува значителна промена на времето, температури и над 15 степени – Синоптичарите излегоа со најновата прогноза

Следува период на стабилно време со ниски утрински температури и услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на новата седмица.

Прогноза за 01.02.2024
Минимална температура: -10°C до -2°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Утрото студено, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер.

Прогноза за 02.02.2024
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 5°C до 13°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Прогноза за 03.02.2024
Минимална температура: -8°C до 1°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК