Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МЗ: Клиниката за онкологија функционира нормално со редовни прегледи и терапија за пациентите

Министерството за здравство информира дека Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално.

„Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите.

Во однос на истрагите кои се водат и инфомрациите од утрово, Ве молиме да се обратите до надлежните институции“, велат од Министерството за здравство по информациите дека полицијата утрово влегла на Клиниката за онкологија а биле извршени и претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот „Онкологија“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Го потсетуваме Мицкоски на членот 368 – а од КЗ, да не ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК

Поповиќ: Со наредбите до обвинителство и заканите Мицкоски ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ДЕСК