Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Остануваат 99 дена до нов изборен пораз на Мицкоски и победа на Европскиот фронт

-Остануваат 99 дена до нов изборен пораз на Мицкоски и ДПМНЕ и победа на Европскиот фронт предводен од СДСМ, соопшти СДСМ.

„Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ.

Тие нудат, хорор, враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии.

СДСМ нуди поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот, со СДСМ е извесна европската идина со заштитен македонски идентитет.

Тоа е изборот пред граѓаните.

Затоа, на слободни, фер и демократски избори ќе победи европскиот фронт предводен од СДСМ. А на 9-ти мај, Денот на Европа, европскиот фронт ќе прогласи формирање нова проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК