17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Подготвени сме, победа на 8 ми мај на СДСМ и проевропската коалиција!

Вечерва не отвораме само промотивна канцеларија на СДСМ, вечерва од победнички Центар, од срцето на Скопје испраќаме порака: Подготвени сме, победа на 8ми мај! Точно 99 дена до победа на изборите на СДСМ и проевропската коалиција, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ во центарот на Скопје.

-Убедени сме дека граѓаните ќе ја донесат вистината одлука за нивниот животен стандард и за иднината на државата. Прво затоа што СДСМ има подобар резултат од ДПМНЕ на секое поле, пред се во економијата, платите, пензиите, инвестициите…. И второ затоа што со СДСМ граѓаните знаат дека земјата има иднина, европска иднина, дека има слобода и демократија. ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, со нив нема иднина, а најмалку европска, рече Ковачевски.

Претседателот Ковачевски им се заблагодари за масовното присуство на граѓаните, симпатизери, поддржувачите и членовите на СДСМ вечерва масовно и во голем број присуствуваа на отворањето на промотивната канцеларија на СДСМ.