Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Законот за рестриктивни мерки уште на 16 јануари, едногласно беше поддржан на седница на Владата

Владата на Република Македонија со консензус, едногласно на седницата одржана на 16 јануари изразила политичка волја до Собранието да се испрати Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство.

На владината седница Владата го разгледа предлог законот и му наложила на Министерството за надворешни работи, како предлагач да го усогласи текстот на предлогот на закон со вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за законодавство и другите надлежни институции.

По усогласувањето со сите наведени институции, пречистениот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки е доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието.

Грковска во телевизиско интервју појасни дека со измените на Законот за рестриктивни мерки, јавното обвинителство ќе биде обврзано да постапи во кратки рокови, за да има побрза судска разрешница. Според вицепремиерката, брзото завршување на процедурата им оди во прилог и на лицата кои се на листите на санкции.

Таа исто така објасни дека забелешките на Министерството за правда, кои се цитираат во одредени медиуми, се за првичната верзија на законот, а не за конечната верзија, која е усогласена.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК