Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето драстично се менува: Синоптичарите излегоа со најновата прогноза

Повремен слаб снег ќе има на планините и понекаде на повисоките места во северните делови и тоа преку ноќта, во недела преку денот и во вечерните часови кон понеделник. Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од понеделник ќе преовладува стабилно и се посончево време време, а утринските температури значително ќе опаднат.

Прогноза за 29.01.2024
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: 1°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 30.01.2024
Минимална температура: -11°C до -2°C
Максимална температура: 4°C до 12°C

Утрото студено со појава на мала до умерена локална облачност, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 31.01.2024
Минимална температура: -12°C до -3°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

Утрото студено и ведро, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК