Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето сончево и тивко, викендов се очекува снег

Во западните делови од земјата денеска претежно сончево и тивко време. Во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. В недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег на планините и на некои од повисоките места. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК