Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Снимки од полициската акција во Грчец

Полицијата објави снимка од разбивањето на криминалната група, што заврши со апсење на 7 од 16 осомничени лица.

Лицата, како што претходно објави министерот, Оливер Спасовски, убивале и продавале дрога.

„Пријавениот Ш.М. заедно со О.Б. и Ј.К. формирале група за вршење на убиства. Организаторите создавале планови и носеле одлуки, а ги спроведувале лично или преку припадници“, рече министерот Спасовски.

Како што објави, групата стои зад организацијата и обидот за убиство на лице од селото Бардовци, албански државјанин чиешто тело било најдено на 15 мај 2020 година Матка во Скопје, како и двојното убиство на 5 март 2021 кога во Скопје беа убиени А.Б. и Б.В..

Спасовски рече и дека со групата соработувале лица од МВР, обвинителствата и судовите давајќи им информации.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК