Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Слаби кадри за техничката Влада, ДПМНЕ нема ниту кадровска ниту програмска понуда

-ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал. ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, соопшти СДСМ.

„Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се поранешни функционери во град Скопје, а дел се кадри од времето на Груевски.

Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје, а потоа и разрешен.

Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката Влада.

Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место се вработила во УЈП и нејзината сестра.

Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник. Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно личните релации се единствен критериум за неговиот избор.

Цветан Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ, кој како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.

Заедничко за сите нив, е што зад себе немаат никакви резултати.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК