Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дујовски: Русија со дезинформации и хибридни напади ја нападна цела Европа

Професорот и декан на Факултетот за безбедност Никола Дујовски во Студио на Слободен печат зборуваше за актуелните воени конфликти во светот, особено за руската агресија врз Украина и идните последици од неа.

„Русија конвенционално ја нападна Украина, но неконвенционално ја нападна цела Европа, преку дезинформациите, со хибридните напади што се случуваа не само овде, ние не бевме ексклузивитет, тоа се случуваше и во Франција, дури и француската министерка за одбрана во претходниот состав јасно кажа дека има јасни сознанија дека сето тоа е подготвено во Москва“ посочи Дујовски.

Според него се уште е отворено прашањето кога и како таа агресија ќе заврши, но и што ќе се случува потоа пред се на европско тло.

„Прашањето што сега доминира е дали таа војна ќе остане само на територија на Украина, дали ќе се најде некаков мировен договор.што би бил прифатлив и за двете страни или и двете страни ќе одат до исцрпување и веднаш потоа да се започне со план за обнова и тој план за обнова ќе не седне сите на маса и веројатно ќе ги исцрта сите контури на односите помеѓу Европа и тоа што во тој момент ќе значи Русија“ заклучи Дујовски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК