Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ана Павловска-Данева нов предлог на СДСМ за уставен судија

Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје и поранешна пратеничка на СДСМ во Собранието, е предложена за нов судија во Уставниот суд откако СДСМ вчера го повлече предлогот поранешниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде уставен судија.

Предлогот, според објавеното на веб -траницата на Собранието, е на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Павловска-Данева е и постојан предавач во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Довчерашниот кандидат Љубомир Јовески беше изненаден од повлекувањето на неговата кандидатура, без никакви објаснувања и основи.

„Се чувствувам повреден, не требаше да ме номинираат ако не беа посветени на завршување на процесот оставајќи ме ранлив на непотребни критики“, изјави Јовески откако вчера СДСМ ја повлече неговата кандидатура да биде избран за судија во Уставен.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК