Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Наутро студено, преку денот сончево со умерена облачност

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 8 степени.

Од четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаби врнежи. До крајот на седмицава ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец и температурите ќе бидат повисоки во однос на денешните.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК