Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: ВМРО – ДПМНЕ согласно закон како и сите други политички партии треба да имаат министри во техничката Влада и дадат свои кандидати и да гласаат за таа Влада

„Прво, кога се учествува во Влада тоа значи дека таа треба да се поддржи. Во светот не постои искуство и пример политичка партија да учествува во Влада, а притоа да не ја поддржи таа Влада. Постојат примери во кои што политичка партија не учествува во Влада, ама ја поддржува, одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарското прашање дали на листата за техничката Влада, кандидатите за министри од ВМРО – ДПМНЕ нема да бидат поддржани, односно дека таму ќе има празно место.

Тој додаде дека не постои да политичка партија земе учество во Влада а да не ја поддржи.

„Сметам дека ВМРО – ДПМНЕ согласно закон како и сите други политички партии да имаат министри во техничката Влада треба да ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада“, посочи Ковачевски.

Тој заклучи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за таа Влада, тогаш тие места треба да останат празни мандатарот да предложи Влада во која што тие места ќе бидат упразнети и во моментот кога ВМРО – ДПМНЕќе реши да ја поддржи Владата, тогаш наредниот ден ќе може мандатарот да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои на нив им следуваат.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК