Градоначалниците на ДПМНЕ тотално разочараа. Секаде, освен рачињата во медот, воопшто не знаат ништо друго, а граѓаните тоа го увидоа, истакна пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.
Каевски нагласи дека општина Велес под капата на ДПМНЕ набавила машина во вредност од 2.950.000 денари, дури 4 пати поскапо од истата машина купена од општина Центар за 852 690 денари.
Во врска со медот на ДПМНЕ излегоа и други податоци, колега пратеник со фирма во Бугарија, не спасува од бугаризација, баџанакот на Мицкоски прави милиони евра од фирмата од Бугарија. Тие заработуваат левови, а во исто време работат на агенда да не поминат измените за 3000 бугари да бидат ставени во уставот, за да се закочи европскиот пат на државата, рече Каевски, додавајќи дека очигледно не било до бугарскиот диктат, туку до левовоите.
ДПМНЕ немаат кандидати, кадар, немаат што да понудат, ништо не е променето во ДПМНЕ, додаде тој.
-Нема никаде на свет, да предложите кандидати за техничка влада и да не ги гласате. До толку се очајни што ни самите не веруваат во своите кандидати, рече Каевски.
На овие избори кандидатот предложен од СДСМ за претседател ќе биде победник и европскиот фронт предовден од СДСМ ќе ја формира новата влада, порача пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.