Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет гласаше: Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, останува на функцијата

Судскиот совет со 7 гласа „за“ и 4 гласа „против“ одлучи претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, да не биде разрешена од функцијата.

Нејзино разрешување претходно побара членот на Советот, Миљазим Мустафа.

Тој ја обвини Адеми дека не присуствувала на седниците на Советот во периодот од крајот на мај до почетокот на ноември минатата година, што според Мустафа било нејзина обврска како член на Судскиот совет по функција. За подносителот на иницијативата е спорно и тоа што Адеми не се одѕвала на повикот на Судскиот совет да дојде на состанок на кој би се дискутирало за нејзините наводи изнесени во интервју.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК