Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи – Хасани: Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги отворат кластерите и поглавјата и тоа не треба да се одолжува

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, кој е на прва официјална посета на земјата по стапувањето на функцијата.

Во фокусот на средбата беа билатералните односи, актуелните политички состојби во регионот, НАТО-сојузништвото, како и европските перспективи на двете земји, на што беше даден посебен осврт.

„Двете земји веќе една година активно водеа преговори со кои успешно го завршија скрининг-процесот добивајќи добри, да речам, одлични оценки. Северна Македонија и Албанија се подготвени да ги отворат кластерите и поглавјата и тоа не треба да се одолжува, напротив, двете земји треба да ги продолжат преговорите и да ја забрзаат својата интеграција уште пред полноправното членство“, истакна Османи посочувајќи на целосната или 100 % усогласеност со заедничката и безбедноста политика на Унијата, високата имплементација на европското законодавство, како и на фактот дека двете земји се веќе НАТО-сојузници заедно со најголемиот број европски земји.

На средбата беа отворени и темите за регионалната соработка, многуте регионални иницијативи и воопшто меѓусебната поддршка во мултилатералните организации. Беше потенцирано дека дете земји имаа значајна мултилатерална улога изминатава година: Северна Македонија како претседавачи со ОБСЕ, а Албанија како непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Можеби ќе ве интересира

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК