24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Децата остануваат наш приоритет, а воедно и соработката со УНИЦЕФ

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. На средбата се разговараше за идните приоритети во соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.

Тренчевска и ДиЏовани истакнаа дека Гаранцијата за деца ќе биде приоритет во идниот период затоа што од таа програма се очекува особен успех и подобрување на квалитетот на живот на децата во државата. Воедно беше разговарано и за вложување во зајакнување на капацитетите на кадрите во градинките во делот на правилна исхрана на децата во градинките.

Министерката посочи дека моментално се зајакнати кадрите кои ја планираат исхранат на децата во градинките и дека поддршката на УНИЦЕФ во овој дел навистина ќе придонесе во исполнување на заедничката цел.

Последна тема на разговор беше иницијативата „Walk and Talk“ која што беше завршена како позитивна активност каде беа вклучени повеќе од 500 млади лица. Тренчевска истакна дека нејзините следни чекори ќе бидат во промоција на важноста за менталното здравје кај младите. Истакнувајќи дека за неа е од особена важност да ги сврти младите кон поголема добросостојба која придонесува кон подобар квалитет на живот.