Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Студен и влажен бран, од сабота снег низ Македонија – Метеоцентар со детална прогноза

Во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 17.01.2024
Минимална температура: -4°C до 1°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 18.01.2024
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 19.01.2024
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен, а кон крајот на денот вдолж Повардарието од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК