Centar.mk
ЛОКАЛНО

Две училишта во Карпош ќе користат струја од фотоволтаици

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, во својот кабинет одржа работна средба со директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Јане Мицевски, во чии рамки беше потпишан Договорот за заедничка реализација на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човековата околина“.

Станува збор за изработка на проект и инсталација на фотонапонски систем до 20 kW со монтирање на фотонапонски модули на покривот на училиштата и нивно поврзување во системот. Имено, основните училишта „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“ преку поставените фотоволтаици ќе произведуваат струја за сопствени потреби, а според проценките на стручните лица се претпоставува дека овие училишни установи ќе ги намалат сметките за електрична енергија околу 50%.

Овој меѓуинституционален проект се спроведува заедно со општините Кисела Вода и Зелениково, откако истиот го одобри Министерството за локална самоуправа. Оттука, Бирото за регионален развој ќе ја поддржи оваа иницијатива со парични средства (не повеќе од) 7.346.938 денари за сите општини. Локалната самоуправа од Карпош ќе го ко-финансира овој проект со сопствени средства во висина од 1.000.000 денари. Спроведувањето на проектот започнува веднаш по потпишување на Договорот и ќе се имплементира најдоцна до крајот на оваа година.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата во Охрид со засилени контроли: Ќе се одземаат возила и ќе следуваат кривични пријави!

ДЕСК

На крајот на учебната 2024/2025 година, во редовните основни училишта 177 353 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 192 ученици ја завршиле годината

ДЕСК

За 0.3 % е намален бројот на деца во установите за згрижување и воспитание во 2025 година во однос на 2024 година

ДЕСК