Centar.mk
БИЗНИС

Цената на нафтата порасна во екот на конфликтот околу Црвеното Море

Цената на нафтата скокна поради конфликти во регионот на Црвеното Море кои се закануваат дополнително да ја нарушат глобалната трговија.

Нафтата поскапе за 4 отсто откако Соединетите Американски Држави и Велика Британија соопштија дека извршиле воздушни и поморски напади врз воени цели на Хутите во Јемен како одговор на ракетните напади врз бродови во Црвеното Море, драматична закана за регионалното проширување на израелската војна против Хамас во Газа.

Нафтата „брент“ достигна 80,52 долари за барел, додека цената на барел американската нафта Вест Тексас интермедит (ВТИ) порасна за 4,1 отсто на 74,99 долари.

Можеби ќе ве интересира

Важна информација од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје

ДЕСК

АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6 милион евра и со инвестиции од 18 милиони евра во периодот јануари – декември 2025 г.

ДЕСК

„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД

C +