Centar.mk
БИЗНИС

Со човек фирма, ги исполнува ли грчки ЕДС условите за преземање на бизнисот со струја за домаќинства?

Вчера од страна на стручна комисија, во владата на РСМ јавно беа отворени понудите по јавниот повик 09-12895/1 за доделување на договор за универзален снабдувач со електрична енергија објавен на 11.12.2023 година.

Согласно информациите на Комисијата, до објавениот рок пристигнати се понуди на три економски оператори, кои имаат понудено бруто маржи од: 11,4%, 11,4% и 11,45%.

Третата понуда која беше отворена со архивски број 09-663/3 од 12.01.2024 година, пристигната во 14:10 часот. Се констатира дека станува збор за Група понудувачи ЕДС АД Скопје, ПАН ИНТЕРТРЕЈД ДОО Скопје. Понудена бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,45%.

Последниот понудувач, „Пан интер трејд“, е фирма во ликвидација во Србија, а во Скопје со еден вработен е дел од понудите за универзален снабдувач во конзорциум со грчки ЕДС, велат извори за „Телма“.

Според информациите, компанијата функционира во Скопје со годишен обрт од 500 илјади евра, а ЕДС која настапиле во конзорциум со оваа фирма има финансиски проблеми поради енергетската криза.

Од друга страна, компаниите кои сакаат нов универзален снабдувач покрај останатите услови треба да имаат и работен капитал од 40 милиони евра, оттука се отвора прашањето дали овој конзорциум ќе ги исполнува условите, пишува Локално.мк.

Можеби ќе ве интересира

Обезбедени дополнителни средства за инвестиции во образовната инфраструктура и енергетска ефикасност

ДЕСК

Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на С. Македонија на Предлог-текстот на законот за заштита од пушење

ДЕСК

Wizz Air рангирана меѓу 10-те најдобри нискобуџетни авиокомпании во Светот за 2026

ДЕСК