Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Приведени четворица за пукањето во тетовската болница, се трага по уште едно лице

Четири лица се приведени доцна синоќа за пукањето што се случи на Ургентниот центар на тетовската Клиничка болница, а по уште едно се трага.

Како што информираа од СВР Тетово, синоќа се приведени Р. Т. (35) и М. Т. (44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш. Е. и Н. М. (39) поради сомнение за нивна инволвираност во пукањето што се случи околу 18 часот.

Тешки телесни повреди (прострелни рани) добиле А. М. (41) и З. М. (36) од тетовското село Гајре.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК