Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Хорор: Македонец си го убил 10 годишниот син во Шведска

Шведските медиуми јавија за трагедија која што се случила пред неколку дена поточно на 8-ми јануари во стан во областа Розенлунд, Шведска.

Медиумите пишуваат дека таткото се обидел да го убие синот (10 години), а потоа викнал полиција.

Според информациите таткото бил сам со своето дете и го чувал кога го извршил делото.

Мажот во полиција кажал дека му доаѓале такви мисли да си го убие синот.

Информацијата ја потврдуваат и полициските службени белешки објавени во полицискиот билтен на Шведска.

Па така се наведува дека полиција била викната во областа Розенлунд во 10 часот и 55 минути со инфо дека има многу тешко повредено лице во апартман. Кога полицајците стигнале затекнате малолетно дете во животозагрозучка состојба и возрасен маж.

Веднаш момчето со хеликоптер било пренесено во болница, каде се обиделе да направат се’ за да го спасат, но не успеале, при што момчето им подлегнало на повредите.

Мажот е уапсен како осомничен за делото, а полицијата извршила увид.

Медиумите во Македонија известуваат дека се работи за трагедија во македонско семејство кое работело и живеело во Шведска.

Засега нема официјална потврда од МНР, која прибира повеќе информации за случајот.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК