Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден пешак во Тетово, возачот избегал

Вчера, во 11.40 часот, во СВР Тетово, пријавено е дека на улицата Косовска во Тетовo, патничко моторно возило удрило во 64-годишниот Т. А. од Тетово по што го напуштило местото на настанот, извести СВР Тетово.

„Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“, соопшти СВР Тетово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК