Centar.mk
БИЗНИС

Суспендирани испораки на руска нафта: „Ќе ви вратиме“

Во 2023 година, испораките на руска нафта во Европа преку нафтоводот Дружба паднаа за 60 отсто на годишно ниво.

Протоците на неиспорачаната нафта се пренасочени кон руските пристаништа, соопшти денеска Транснефт.

Минатата година, испораката на нафта преку руското црноморско пристаниште Новоросијск се зголеми за 3,1 отсто на 30 милиони тони, преку приморското пристаниште Приморск за 6,5 отсто на 44,4 милиони тони, а испораките преку пристаништето Уст-Луга во Ленинградската област за девет проценти на 34 милиони тони.

Нафтоводот Дружба обезбедува снабдување со нафта за белоруските рафинерии и негов транзит понатаму во Европа, минувајќи низ Украина, Полска, Чешка, Словачка, Германија и Унгарија.

Компанијата се подели на две гранки, северна и јужна, а испораките на руска нафта преку северната гранка во моментов се суспендирани.

Можеби ќе ве интересира

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

ДЕСК

Курсна листа за 18 март 2026

ДЕСК

ЦЕНОВЕН ШОК ПРЕД ВЕЛИГДЕН: И во буџет-маркетите пазарувањето станува луксуз за македонските граѓани

ДЕСК