Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Студ до недела, од понеделник снег ќе трупа низ Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

До недела времето ќе се задржи стабилно, суво и студено со ниски утрински температури. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец повремено со брзина од над 60 км/час, а во сабота ветерот повремено ќе засилува. Во понеделник и вторник ќе има зголемена облачноста проследена со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места од повремен снег.

Прогноза за 13.01.2024
Минимална температура: -10°C до -4°C
Максимална температура: -1°C до 6°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.01.2024
Минимална температура: -11°C до -5°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 15.01.2024
Минимална температура: -8°C до -2°C
Максимална температура: 2°C до 7°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, на планините и понекаде на повисоките места од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК