Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи и Абдула бин Мухамед aл аш-Шеик разговараа за продлабочување на односите со Саудиска Арабија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со претседателот на Собранието на Кралството на Саудиска Арабија, Абдула бин Мухамед aл аш-Шеик, кој престојува во посета на Македонија.

Во фокус на средбата беа билатералните односи меѓу двете држави, при што беше истакната заедничката заложба за натамошно зајакнување на економската соработка. Османи упати честитки за изборот на Саудиска Арабија за домаќин на ЕКСПО 2030, што ќе претставува одлична можност за интензивирање на трговската размена и бизнис-врските.

Во однос на договорната состојба меѓу двете земји беше изразено заемно убедување дека потребно е проширување на постојната договорна рамка, со што ќе се постават основите за натамошно продлабочување на односите помеѓу двете земји.

На средбата соговорниците разменија мислења и за соработката на мултилатерален план, за надворешнополитичките приоритети на двете земји, за регионални теми, како и за актуелните меѓународни прашања и предизвици.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК