Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во Драчево, пронајдени пушка и патрони

Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија, го лишиле од слобода З.М.(46) од Драчево, Скопје.
Имено, по претходни сознанија и добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени една ловна пушка и 44 ловни патрони, соопшти МВР.

Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Падна банкарка од Тетово – примила 39.000 евра од лице, но никогаш не ги ставила на неговата сметка

ДЕСК

Полицијата пукала во воздух во Кавадарци, откако маж се однесувал агресивно и се самоповредил

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Се судриле две автомобили – еден тешко повреден, возачот на бмв побегнал

ДЕСК