Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла

Времето денеска променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.

Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во недела во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови. Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Можеби ќе ве интересира

ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ СКОПЈАНЕЦ – Јавен обвинител нареди обдукција

ДЕСК

Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат, велат од ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ДОБРА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ – Укината забраната за камиони на превојот Буково

ДЕСК