22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАПРАВИ САМ

Трикот на искусните домаќинки: Евтина состојка од кујната која може да ви помогне ДА ГО ИСЧИСТИТЕ ТОАЛЕТОТ

Мајка од Австралија откри како го исчистила својот тоалет од тврдоглави дамки користејќи само лимонска киселина.

Во една група на Фејсбук, оваа жена откри дека користела само еден евтин производ, лимонска киселина за чистење.

– Мразам да го чистам тоалетот. Две кесички (околу 25 грама) лимонска киселина оставени во тоалетот девет часа ќе ја исчистат целата работа. Најтешкиот дел од процесот е да се осигурате дека луѓето не го користат тоалетот во тие девет часа. Сакав да користам средство за чистење, но ова е поевтино – напишала Лорен во својата објава.

Таа сподели фотографии од големата трансформација, а другите родители во групата се радуваа на идејата, заедно со некои начини на кои тие самите ја користат лимонската киселина.

– Секојдневно користам лимонска киселина за чистење на тоалетот, но одлично е бидејќи нема хемикалии, а со неа можат да чистат и децата – коментира една мајка. – Лимонската киселина е најдобра! Одлично за тоалети – се согласи еден корисник.

Спонзорирано: