Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Градоначалниците од ДПМНЕ две години не прават ништо за загадениот воздух

-Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот, скопјани се гушат од воздухот штетен по здравјето, соопшти СДСМ.

„Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо цели 2 години за загадениот воздух.

Иако ДПМНЕ има градоначалници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, мнозинство во Советот на Град Скопје, води јавни претпријатија, има над 500 членови по управните и извршните одбори.

ДПМНЕ не презема буквално ништо.

Нема мерки за намалување на актуелното загадување, ниту пак долгорочни решенија.

Нема нови зелени површини, нема нови дрвја. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, нема никакви еколошки проекти, не се инвестира во заштита на животната средина, туку напротив, парите за таа намена постојано се намалуваат.

Градоначалниците на ДПМНЕ ги интересираат тендери, провизии, скапи часовници, а граѓаните им се на последно место.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК