Centar.mk
СВЕТ

ОН РЕАГИРАА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО АЛБАНИЈА И ЕВРОПА – Се бара истрага за можната прекумерна употреба на сила

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Тирк, ги осуди насилствата што се случуваа за време на неодамнешните протести во Албанија, Франција, Италија, Белгија и Португалија. Тој повика на смирување на тензиите и нагласи дека граѓаните имаат право мирно да протестираат и да ги изразуваат своите барања.

Тирк предупреди и на извештаите за можна прекумерна употреба на сила од полициски службеници, вклучително и во случаи во кои биле погодени малолетници. Според него, сите такви наводи треба да бидат независно и ефикасно истражени, додека лицата што вршат насилство и уништуваат имот треба индивидуално да одговараат.

Реакцијата на ОН има особено значење за Албанија, каде што неколкудневните протести резултираа со голем број повредени. Пораката е насочена и кон властите и кон демонстрантите: правото на протест и заштитата на јавната безбедност мора да се остваруваат во рамките на законот.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКИОТ БУЏЕТ ЗА 2027 ГОДИНА ПРЕД ПРЕГОВОРИ – Денеска во Брисел состанок на министрите за финансии

ДЕСК

НАЈМАЛКУ 25 ОТСТО ОД ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ЗА ЛОКАЛНИ ОРГАНИЗАЦИИ – Советот на ЕУ со нови заклучоци

ДЕСК

40 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ПОДОБРА ГРИЖА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ – Британија сака да спречи непотребни хоспитализации оваа зима

ДЕСК