Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца возачи загинаа на патот Гостивар – Кичево во тешка сообраќајна незгода

Двајца возачи загинаа во сообраќајната незгода, што утрово, околу 7 часот, се случи на патот Гостивар – Кичево кај каменоломите.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале „ауди“, со странски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Е. З. од Кичево, и „шкода“, со скопски ознаки, што ја управувал Ш. Н. (48) од тетовско Камењане.

„Во несреќата од добиените повреди двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската итна помош“, информираа од СВР Тетово.

Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.

Патот, утрово, по несреќата, беше целосно затворен за сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 18 °C – Какво време нè очекува денеска?

ДЕСК

СРЕДБА СО „ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“ – Сиљановска во Брисел разговараше за реформите и евроинтеграцијата

ДЕСК

СОВЕТОТ ГО ПОТВРДИ ИМЕНУВАЊЕТО – Искра Хаџи-Василева ја презема функцијата во ОЈО ГОКК на 14 ноември

ДЕСК