Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Уапсени двајца скопјани: Го грабнале, му ја запалиле облеката и го силувале за долг од 150 евра

-По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-На 2 декември, обвинетите на свиреп начин му ја одзеле и ограничиле слободата на движење на едно лице кое наводно им должело 150 евра, така што против негова волја го однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле и му ја запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него, соопшти Обвинителството.

Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК