Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Оваа банка ќе ги исплати пензиите предвреме

Соопштение на Комерцијална Банка:

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за декември од петок, 29.12.2023 година. 📣

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 29.12.2023 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 29.12.2023 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката. ✔️

Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. 🙂

А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот. ✅

Мапата со локации на банката е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Можеби ќе ве интересира

Важна информација од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје

ДЕСК

АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6 милион евра и со инвестиции од 18 милиони евра во периодот јануари – декември 2025 г.

ДЕСК

„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД

C +