Драган Ковачки денес на судење се појави без лична карта. Веројатно иако не му е прво судење во кариерата и веќе има изгубено барем неколку сепак искористи можност да го одложи на само за себе специфичен начин. Тој иако поседува и два пасоши со “Северна” службен и приватен истите исто такс ги заборавил да ги донесе.
На ова реагираше и Министерката Петровска на својот Фејсбук профил. Таа таму напиша:
На денешната главна расправа во врска со мојата тужба против лажгото и манипулатор Драган Ковачки, кој ја фрли униформата и облече лакирани чевли и свилен костум, требаше да се соочи со вистината, со една од двете сини папки во кои се доказите за неговите лаги дека сум криела имот. И знаете што се случи, тој кој пред два месеци обвинуваше дека некој друг се криел позади женска сукња, денес се исплаши од вистината и правдата.
Подмолно, како што и му личи одби да се соочи со прашањата кои требаше да му бидат поставени.
Замислете, дојде во судница без документ за идентификација, без лична карта или пасош. Само за да не му бидат поставени прашата кои ќе ја разобличат неговата лага.
Лесно е да се зборуваат лаги, ама тешко е да се соочиш со вистината.
Правдата е спора, ама стигнува, исто како и вистината, колку и да пробуваш да ја скриеш ќе излезе на виделина. – напиша Петровска.