Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

ЕВН Македонија со волонтерска акција и празнични донации

Традиционално за време на новогодишните празници, ЕВН Македонија донираше пакети со храна на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква. Покрај тоа, вработените на ЕВН ја реализираа волонтерската акција „Споделување на новогодишни пакетчиња со бездомни лица“ во соработка со организацијата „АЦТ Македонија“ во Скопје.

Верските заедници преку хуманитарните организации „Свети Спас“, „Каритас“ и „Ел Хилал“ ќе се погрижат пакетите со храна да бидат распоредени низ целата земја. Свештениците од хуманитарната организација „Свети Спас“ ќе достават храна до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или пак живееат во далечните рурални средини во парохиите. Пакети со прехранбени продукти кои беа донирани за Католичката црква, „Каритас“ и хуманитарните организации на Исламската верска заедница (ИВЗ) „Хилал“ ќе ги поделат кај семејства во ризик.

ЕВН Македонија е одговорна компанија која контуинирано вложува во проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и се приклучува кон најразлични иницијативи кои ги третираат предизвиците на семејствата од ранливи категории. Компанијата во текот на годината волонтира и вклучува различни организации кои работат со ранливи категории граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК