Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски за замената на личните документи: Процесот во внатрешноста е при крај, a ќе заврши на најдобар можен начин

Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, процесот на издавање лични документи во Скопје и во секторите за внатрешни работи во земјата е интензивен.

Оцени дека во внатрешноста на земјата процесот е сосема при крај.

„Во Скопје знаете дека се отвори новиот пункт сè со цел да се апсорбираат што е можно повеќе барања. Имајќи предвид дека само во пунктот имаме 40.000 граѓани, кои дошле, оставиле барања за лични документи, значи не за еден документ, туку за повеќе, и другите пунктови во Скопје апсорбираат, така што сметам дека интензивната работа сега, до крајот на годината, цел јануари итн. ќе се заврши целиот овој процес на најдобар можен начин“, истакна Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК