Новиот филм на Ѓорче Ставрески „Трампи“ доби поддршка од Агенцијата за филм. Тој треба да се снима наредната 2024 година. Овој филм е повтроно автобиографски, вели режисерот Ставрески во утринското гостување на „Слободен печат“, и е во копродукциски со чешки и бугарски копродуцент.
„Нареден филм кој ќе се смини во 2024. Филмот е за еден математичар кој бара смисла за неговото постоење. Егзистенцијален е филмот. Математичар кој е погоден со една болка. Филмот е една драма. Се обидува да најкде излез од тој негов лавиринт на болка. Мене ми емнгу итересно затоа што е предзвик е врзан за едно мое детство кое во иста мера беше многу забавно но во исто време и многу болно и мрачно и чепка таму каде ме боли. Се надевам дека следнава година ќе се реализира“, вели Ставрески.
За него рецепт за успех и добар филм ако добро се спои личното искуство и се прикаже во добра филмска приказна.
„Материјалот кој не го носиме во себе, личен багаж е добра појдовна точка за било која уметност. Си ги знаеме нашите болки, наште добри и лоши страни.Тешкотиите со кои сме се соочувале. Филмот како наративна уметност едоставно може многу лесно да ги искористи тие работи кои ние ги имаме особено ако човек знае како да констуира приказна и на тој начин да се направи нешто што е автнтично, искрено и продира до публиката. Токму затоа тежнеам да размислувам за работите кои мене мки се случиле а со тоа што има разлика во „Исцелител“ има многу помалку лична појдовна точка, одколку кај „ Дали си маж“ и „Трампи“, додава Ставрески.
Инаку, краткиот игран филм „Дали си маж”, по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески, од 1 јануари 2024 ќе се прикажува на една од најголемите стриминг платформи „Ејч-Би-О Макс“